ЈАВЕН ПОВИК за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма

Скопје, 15 март 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно член 92-г од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 184/13, 13/14, 44/14,101/14 и 132/14 и 142/2016), распишува :

 

ЈАВЕН ПОВИК бр. 11/2-833/1

за доставување на барање за одобрување на проект за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма, за кои ќе се изврши исплата на надоместок за покривање на трошоците

 

За таа цел се повикуваат сите трговски радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и јавниот радиодифузен сервис (во понатамошниот текст: телевизиски радиодифузер), во рок од 15 дена, сметано од 15.04.2017 година, односно во периодот од 15.04.2017 година до 30.04.2017 година, да достават барање за одобрување на проект за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма, за кои ќе се изврши исплата на надоместок за покривање на трошоците.

 

Кон барањето задолжително се доставува предлог-проект за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма, за тековната година, кој содржи:

 

  • Краток опис и вид на домашната документарна програма или домашната играна програма;
  •  

  • Сценарио за ТВ филм или сценарио за секоја епизода за ТВ серија/серијал, а кратка содржина (синопсис) за документарна програма;
  •  

  • Технологија за продукција за домашна играна програма;
  •  

  • Времетраење на домашната документарна програма или домашната играна програма, а доколку истите се произведуваат и емитуваат во серии/серијали, времетраење на секоја епизода;
  •  

  • Рок и динамика за нејзино производство (почеток и крај на производството), со назначување на локациите;
  •  

  • Предвидени ресурси за производство на домашната документарна програма и/или домашната играна програма;

     

  • Финансиска конструкција на проектот, со детален приказ на трошоците за производство на домашната документарна или домашната играна програма структуирани согласно Уредбата за структурата на трошоците кои се признаваат и посебните критериуми коишто треба да се исполнат при производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма; и
  •  

  • Лице за контакт (адреса, телефон, телефакс, е-пошта).
  •  

    Барањето со предлог-проект за производство на домашна документарна програма или домашна играна програма се доставуваат во писмена форма на македонски јазик, потпишани и заверени од одговорното лице на телевизискиот радиодифузер. Барањето се доставува во затворен коверт. Предната страна на ковертот на горниот лев агол треба да носи ознака „НЕ ОТВАРАЈ“ и бројот на јавниот повик. Во затворениот коверт се доставува барањето со предлог-проектот и во електронска форма (на USB, CD, итн.).

     

    Телевизиските радиодифузери ги доставуваат своите барања со предлог-проектот до кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација, бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „за Меѓуресорска комисија“.

     

    Барањата со предлог-проектот кои нема да бидат доставени во определениот рок, нема да се разгледуваат.

     

    Телевизиските радиодифузери при доставувањето на предлог-проектот треба да ги имаат предвид одредбите од Уредбата за структурата на трошоците кои се признаваат и посебните критериуми коишто треба да се исполнат при производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма (,,Службен весник на Република Македонија” бр.138/14 и 47/15), како и Одлуката за максималниот износ на надоместокот за покривање на трошоците во висина од 50% при производство на домашната документарна програма и на домашната играна програма (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 22/17).

     

    Максималниот износ на надоместокот за покривање на трошоците во висина од 50% којшто му се исплаќа на телевизиски радиодифузер при производството на еден час домашна документарна програма изнесува 77.500 денари. Вкупниот износ на надоместокот што може да му се исплати на трговскo радиодифузнo друштвo кое емитува телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво, преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс за производство на домашна документарна програма изнесува 775.000 денари, а вкупниот износ на надоместокот што може да му се исплати на јавниот радиодифузен сервис за производство на домашна документарна програма изнесува 2.325.000 денари, согласно обврските за производство на минимален број часови домашна документарна програма утврдени во член 92 став (8) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

     

    Максималниот износ на надоместокот за покривање на трошоците во висина од 50% којшто му се исплаќа на телевизиски радиодифузер при производство на еден час домашна играна програма изнесува 190.769 денари. Вкупниот износ на надоместокот што може да му се исплати на трговскo радиодифузнo друштвo кое емитува телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво, преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс за производство на домашна играна програма изнесува 3.815.380 денари, а вкупниот износ на надоместокот што може да му се исплати на јавниот радиодифузен сервис за производство на домашна играна програма изнесува 5.723.070 денари, согласно обврските за производство на минимален број часови домашна играна програма утврдени во член 92 став (9) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

     

     

    Министерство за информатичко општество и администрација