ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“

Скопје, 31 март 2017 година

 

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генерички обуки на административните  службеници во Република Македонија за 2017 година, на 31 март 2017 година (петок) во Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба

 

На обуката беше претставена и разработена областа на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување судир на интереси и Стратешките документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси; Имплементирањето на меѓународни антикорупциски конвенции и Eтиката во државната служба. Истата ја реализираа државни службеници- практичари од Државната комисија за спречување на корупција и Агенцијата за администрација.

 

Целна група на обуката беа административни  службеници вработени во органите на централната власт чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.

 

На обуката присуствуваа вкупно 16 административни службеници  од  централна  и локална власт.