Арсовска Томовска ја честиташе годишнината на новинската агенција Анадолија

Скопје, 05.април 2017 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска упати честитка по повод 97. годишнина од основањето на турската државна новинска агенција Anadolu Agency (AA). Во честитката се вели:

 

„Во овие комплексни времиња за новинарската професија, кога традиционалните медиуми водат битка за својот опстанок, а подемот на интернет медиумите и социјалните мрежи овозможуваат масовна дисеминација на непроверени, неточни или таканаречени "лажни вести", најважно е да се обезбеди пристап до објективни, точни и проверени информации. Како агенција која 97 години е активен чинител на светскиот медиумски простор, турската државна агенција Анадолија е пример за коректно, објективно и навремено известување, кое е во согласност со највисоките новинарски и етички стандарди. Од тие причини сосема заслужено ја има довербата и на македонската публика, а задоволството е уште поголемо заради одлуката да се отвори сервис и на македонски јазик. На уредувачкиот колегиум, новинарите, дописничката мрежа и сите вработени во редакциите во Скопје, Анкара и низ целиот свет, им ја честитам годишнината и им посакувам уште долги години плодна и успешна работа“.

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација