Министерот Дамјан Манчевски се сретна со холандскиот амбасадор Вилем Воутер Пломп

Скопје, 7 јуни 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денес се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пломп.

 

 

Средбата беше остварена за меѓусебно запознавање, при што на холандскиот амбасадор му беа презентирани идните планови и проекти поврзани со областите за коишто е надлежно Министерството, односно за администрацијата, медиумите и информатичкото општество.

 

Двајцата високи соговорници изразија задоволство од средбата и подготвеност за можна соработка во иднина.

 

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација