МИОА и Huawei со награди за петте најдобрите студенти од ИКТ факултетите

Скопје, 19 јуни 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација преку соработка со компанијата Huawei обезбеди можност да се наградат петте најдобрите студенти од ИКТ факултетите при државните универзитети во Република Македонија. Станува збор за студиската програма „Seeds for the Future“ која компанијата Huawei ја спроведува од 2008 година, преку која на најдобрите студенти им се нуди можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ индустријата. Сите трошоци за оваа програма се покриени од компанијата Huawei.

 

За оваа програма студентите може да аплицираат доколку ги исполнуваат следните критериуми:

 

- Студенти на акредитираните државни и приватни високообразовни установи во Република Македонија, кои се запишани на програмите во областа информатика и телекомуникации

- Имаат просек над 8,5

- Имаат најмалку 150 кредите, а најмногу 230

- Запишани по прв пат на студии после 2013 година

- Не се постари од 30 години

 

Секој студент може да аплицира со скениран пасош и скенирано уверение за положени испити каде се дадени бројот на положени испити, просек на добиените оцени, дополнителни активности за време на студирањето и вкупниот број на кредити, а пратени на маил apliciraj@mioa.gov.mk до 27.06.2017 година 23:59 часот.

 

Предност ќе имаат студентите кои доаѓаат од универзитетите со повисок ранд според последното оценување од Шангајската листа 2015 – 2016

 

 

При формирањето на листата со апликации, студентите ќе добијат:

 

- до 19 поени во зависност од универзитетот на кој студираат, а во согласност со последното оценување од Шангајската листа 2015 – 2016

- најмногу 41 поен ќе добијат во зависност од просекот

- најмногу 40 поени во зависност од бројот на положени испити.

 

За секоја дополнителна активност на студентот, за која факултетот има доделено дополнителни кредити, студентот ќе добие еден поен. Доколку двајца студенти имаат исти број на поени, во финалното одлучување предност ќе има помладиот кандидат.

 

Комисијата за избор, составена од членови на министерството и компанијата Huawei, на 28.06.2017 година ќе ги разгледа сите апликации и до 30.06.2017 година ќе ги објави резултатите на веб страната на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Од доставените апликации комисијата ќе ги одбере најдобрите петте студенти, согласно наведените критериуми, кои во периодот 13-26 Август 2017 години ќе бидат дел од програмата „Seeds for the Future“ во Пекинг и Шенжен, НР Кина.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација