Министерот Дамјан Манчевски се сретна со Евроамбасадорот Самуел Жбогар

Скопје, 20 јуни 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денес оствари средба со Евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници од делегацијата на Европската Унија.

 

Министерот Манчевски го презентираше планот за работа на министерството, потенцирајќи ја подготвеноста за спроведување на реформи кои се во согласност со Европските вредности и начела. Високите соговорници дискутираа за понатамошната соработка и споделување на позитивни практики во областа на информатичкото општество, администрацијата и медиумите.

 

Соговорниците разговараа и за максимизирање на искористеноста, како и за зајакнувањето на импактот на ИПА фондовите, во насока на приближување на земјата кон интеграцијата во Европската Унија.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација