Министерот Манчевски на Форумот за јавни услуги на Обединетите Нации во Хаг

Скопје, 23 јуни 2017 година

 

Министерот Манчевски присуствува на Форумот за јавни услуги на Обединетите Нации во Хаг, Холандија. Оваа година, Форумот се одржува под мотото „Иднината е сега: унапредување на иновациите во јавните услуги за Агендата за одржлив развој 2030“. Министерот Манчевски ќе ги проследи најновите иновации во јавните услуги од земјите во светот, но и ќе ги сподели искуствата со други министри и високи претставници од присутните делегации, во насока на унапредување на јавните услуги.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација