Извршено примопредавање на функцијата заменик министер за информатичко општество и администрација

Скопје, 27 јуни 2017 година

 

Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација денес беше извршено примопредавање на должноста заменик министер за информатичко општество и администрација.

 

Новиот заменик министер Александар Бајдевски ја презеде функцијата од Тимчо Муцунски, кој беше заменик министер за информатичко општество и администрација од ноември 2015 година. Бајдевски е роден на 15. 07. 1977 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" во Скопје, насока Финансиско сметководствен менаџмент.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација