Реакција на прес конференцијата на пратеничката Емилија Александрова

Скопје, 27 јуни 2017 година

Пратеничката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова, се обиде да ја доведе јавноста во заблуда. Во УЈП, како и во другите институции за кои стана збор на прес конференцијата на Александрова, се именувани вршители на должност. Конечните кадровски решенија, кои и да се тие личности, ќе ги имаат сите потребни квалификации согласно Законот за административни службеници.

 

Од исклучителна важност за државните интереси на Македонија е да дојде до итна промена на кадрите под уцена и контрола на Никола Груевски, заради кои Македонија во последниот извештај на ЕУ беше оценета како „заробена држава“.

 

Министерство за информатичко општество и администрација