Работни средби на министерот Манчевски со Амбасадорите на САД, Република Словенија и претставници на ЗНМ

Скопје, 28 јуни 2017 година

 

Министерот Манчевски денес оствари три работни средби со претставници од меѓународната заедница и со претставници од Здружението на новинари на Македонија.

 

Амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Јазбец истакна дека Република Словенија ќе продолжи да биде партнер на Република Македонија во процесот на Евроинтеграции. Министерот Манчевски изрази задоволство за поддршката и помошта. Соговорниците го потврдија интересот за размена на добри практики, особено во областа на е-владеење.

 

На средбата меѓу министерот Манчевски и Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Џес Л. Бејли се адресираше потребата од продолжување на реформите во медиумите, а министерот Манчевски истакна дека реформите ќе се спроведуваат во соработка со медиумите и медиумските здруженија. Амбасадорот Бејли истакна дека САД ќе продолжи да ја поддржува Македонија во насока на унапредување на доброто владеење, како и реформата на јавната админситрација.

 

Министерот Манчевски денес оствари и работна средба со претставници на Здружението на новинари на Македонија, на која беа разменети предлози и идеи за реформата во медиумите. Соговорниците се согласија дека е потребен јавен дијалог за реформите и дека соработката помеѓу МИОА и претставниците од медиумската заедница ќе продолжи.

 

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација