Министерот Манчевски на средба на Комитетот за стабилизација и асоцијација во Брисел

Брисел, 29 јуни 2017 година

 

Министерот Дамјан Манчевски денес присуствува на 14-тата средба на Комитетот за стабилизација и асоцијација во Брисел, заедно со Заменик претседателот на Влада за европски прашања Бујар Османи и министерот за правда Билен Салији.

 

Во своето обраќање на состанокот, министерот Манчевски ги сподели плановите за работа на МИОА, во насока на остварување на препораките од Европската комисија за реформите во јавната администрација и медиумите.

 

Министрите и претставниците на македонската делегација уште еднаш нагласија дека институциите ќе работат на имплементација на предвидените мерки за приближување на земјата до Европската Унија.

 

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација