ПОВИК до граѓански организации за учество во тематските подгрупи за Нацрт – Стратегијата за РЈА 2017-2022 и Нацрт Акцискиот план

Скопје, 30 јуни 2017 година

 

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) објавува повик до граѓанските организации за номинирање на членови во тематските подгрупи за финализирање на Нацрт – Стратегијата за реформа на јавната администрација 2017-2022 и Нацрт – Акцискиот план.

 

За учество во тематските подгрупи, потребно е организациите кои сакаат да номинираат претставници во подгрупите да:

- постојат најмалку една година;

- имаат најмалку два проекти во областа на јавната администрација.

 

За да номинирате претставници, потребно е најдоцна до 6-ти јули 2017 година, 16:00 часот, на srja@mioa.gov.mk да доставите известување за номинација на членови во тематските подгрупи со доставување на следните податоци:

- име и презиме; звање и работно место; назив на институцијата; контакт телефон и e-mail на номинираното/ите лице/а

- Копија од решението за регистрација на организацијата издадено од Централен регистар на РМ

- Портфолио на организацијата.

 

Поради промена на структурата на Нацрт-Стратегијата, потребно е номинациите за членови да соодветствуваат на моменталните четири цели од Нацрт-Стратетегијата, односно да се однесуваат на следниве подгрупи: (1) Стратешка рамка за РЈА, развој на политики и координација, (2) Јавна служба и управување со човечки ресурси, (3) Одговорност, отчетност и транспарентност и (4) Давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата. Организациите кои учествувале со претставници во подгрупата за организација на државна власт можат да се приклучат кон некоја од новите подгрупи каде што сметаат дека можат да дадат најмногу придонес.

 

Повик за номинирање на членови во тематските подгрупи за финализирање на Стратегијата за реформа во јавната администрација (СРЈА) за периодот 2017 - 2022 и Акцискиот план за СРЈА 2017 - 2022

 

Министерство за информатичко општество и администрација