Две работни средби на министерот Дамјан Манчевски во просториите на МИОА

Скопје, 3 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денес оствари две работни средби во просториите на МИОА - со Н.Е. Луиза Винтон, постојана координаторка на Обединетите Нации (ОН) за Македонија и постојан претставник на Програмата за развој на ОН во Македонија и со Саша Огненовски претседател на ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори.

 

На средбата меѓу министерот Манчевски и амбасадорката Луиза Винтон беа разгледани можностите за соработка помеѓу МИОА и Програмата за развој на ОН. Од двете страни беше изразена подготвеност за продолжување на соработката, особено околу процесот на подготовка на регистарот на граѓани, како и околу отвореното владино партнерство, како и е-услугите.

 

Актуелните прашања поврзани со понатамошниот развој на ИКТ секторот во Република Македонија, како и тековните и идните проекти на Министерството во таа насока, беа меѓу темите на средбата меѓу Манчевски и Огненовски.

 

 

 

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација