Средба на министерот Дамјан Манчевски со амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ

Скопје, 12 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ.

 

На средбата се разговараше за реформите во медиумската сфера и отвореноста на министерството да ги вклучи сите релевантни фактори во предлог законските измени. Амбасадорката Баришиќ ја поздрави иницијативата и ја потенцираше важноста од отворениот дијалог за ова прашање.

 

Министерот Манчевски ги претстави и останатите проекти на кои во моментов работи министерството. Се осврна на Централниот регистар, концептот на отворена влада и реформите во јавната администрација.

 

Амбасадата на Хрватска е на располагање за споделување на позитивни искуства од овие области со цел креирање на поефикасна и подостапна администрација до сите граѓани.

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација