ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР


ЈАХИ ЈАХИЈА
ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

 

Јахи Јахија стапува на функцијата државен секретар во министерството за информатичко општество и администрација во 2011 година.

 

Од 2000 година работи во Агенцијата за администрација како советник за односи со јавноста и државен советник за координација и селекција на државните службеници. Тој исто така од 2011 е член на Управниот Одбор на ReSPA (Регионална Школа за Јавна Администрација), Црна Гора. Во 2014 станува претседател на Управниот Одбор на ReSPA.

 

Од 2015 година е Член на Регионален Центар за Државна служба, Астана Казахстан.

 

Г-дин Јахија има диплома за студиите по новинарство на Универзитетот во Тирана – Албанија. Во 2003 година станал Магистер на Политички науки на Oxford Brookes University во Оксфорд, Велика Британија.

 

Во 2017 станува Кандидат за докторски науки од областа на Јавната администрација, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола.