Министерот Дамјан Манчевски присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција на InPlayer

Скопје, 24 јули 2017 година

Македонско-британската компанија InPlayer денеска ја промовираше новата инвестиција со која ќе го прошири својот тим во Скопје, со што ќе придонесе за подобро претставување на светскиот пазар. На настанот присуствуваше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

 

Министерот Манчевски ја поздрави новата инвестиција и се осврна на активностите на кои работи министерството и Владата на Република Македонија за поддршка на ИКТ фирмите. Како што најави министерот од септември ќе се реализираат повеќе мерки за подобрување на условите за работа на мали и средни претпријатија со посебен фокус на ИКТ индустријата.

 

Министерот Манчевски ги претстави и дел од проектите за формирање на технолошки парк и младинските гаранции, како и заложбите за здружување помеѓу државата и ИКТ фирмите. Целта е да се развива овој сектор, младите да се мотивираат да останат во земјата, а со тоа да се придонесе и кон зголемување на просечната плата во Македонија.

 

Со добиените средства, InPlayer најавува дека ќе го зголеми бројот на своите вработени на 50 до крајот на 2017 година, додека до крајот на 2018 година се планира тој број да се зголеми двојно.

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација