Министерот Манчевски заедно со Хуавеи ги доделија ваучерите на најдобрите пет студенти

Скопје, 25 јули 2017 година

Хуавеи во рамки на програмата „Семиња за иднината“, на петте најдобри студенти во областа на Информатички технологии и Телекомуникации им овозможува студиска посета во Кина. На доделувањето на ваучерите, присуствуваше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

 

Министерот Манчевски ја истакна важноста од праксата и знаењето што овие студенти ќе имаат можност да го добијат за време на посетата на Кина. Во тој правец министерот Манчевски го презентираше проектот „Младинска гаранција“, што има за цел обезбедување на услови за стекнување на практични вештини за младите откако ќе го завршат образованието.

 

Една од заложбите на МИОА е создавање на работна клима во Македонија особено во ИТ секторот, што ќе ги задржи младите во државата.

 

На настанот присуствуваа и менаџерот на Хуавеи во Македонија Зхоу Јиадон и амбасадорката на Република Кина во Македонија Јин Лисијен.

 

Со цел намалување на јазот на знаењето и промовирање на индустрискиот развој, македонската Влада изрази подготвеност да ја поддржи програмата „Семиња за иднината“, за 2017 година.

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација