СООПШТЕНИЕ

Скопје, 31 август 2017 година

Почнувајќи од утре (1 септември 2017 година) влегува во сила ОДЛУКАТА за утврдување распоред на работното време во Владата на Р.М, министерствата и другите органи на државната управа (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ Бр.86 Од 10.07.2017 година). Во контекст на општите права на вработените во државната управа, се подразбира и правото на вработените на работно време со распоред соодветен за ефективно и ефикасно исполнување на работните задачи, а во рамки утврдени со позитивните законски одредби.

Оттука, согласно одредбите од Одлуката, секој вработен во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа има право да пристигне на работното место помеѓу 07:30 и 08:30 часот и да замине од работното место во периодот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, така што има обврска за исполнување на 8 часа дневно работно време. Секој орган на државната управа треба да обезбеди систем за евиденција на работното време, со цел поефикасна контрола при влез и излез на вработените.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација