Заменик министерот Бајдевски дел од настанот „Одвојување на државата од политичките партии“

Скопје, 06 септември 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, беше еден од воведничарите на конференција на тема „ Одвојување на државата од политичките партии“.

 

Во своето обраќање тој се осврна на значењето на Планот 3-6-9, локалните избори што престојат и изработката на Стратегијата за реформи во јавната администрација.

 

„Со донесувањето на Планот 3-6-9 Владата го направи првиот чекор за сериозен пристап кон евро-атланските интеграции, после големиот долгогодишен застој на државата. Со планот 3-6-9, се отвораат перспективите на Македонија кон Европската Унија и НАТО, а тоа значи и подобрување на квалитетот на живот“, истакна Бајдевски.

 

Заменик министерот ја истакна посветеноста и силната политичка волја на Владата за спроведување на фер и демократски локални избори. Како што истакна тој, заплашувањето на гласачи, притисоците врз јавната администрација, злоупотребата на административни ресурси... се проблеми за кои Владата се заложи да ги надмине со мерките од Планот 3-6-9.

 

„Со спроведување на Стратегијата за реформа во јавната администрација, на што работиме во моментов, ќе влијаеме за одвојување на државата од партијата. Со укинување на казни за административни службеници ќе оневозможиме примена на неправедни казни , што можат да бидат искористени за притисок и послушност“, појасни заменик министерот Александар Бајдевски.

 

Конференцијата беше во организација на граѓанската асоцијација „МОСТ“, како дел од проектот „Патоказ кон демократски реформи“.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација