Oбјавена драфт верзијата на Стандарди за квалитет на податоци во системите на државните институции

Скопје, 14 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација објави нацрт верзија на Стандарди за квалитет на податоци во системите на државните институции. Министерството ги повикува сите засегнати страни, институции, комори, граѓански организации и заинтересирани граѓани да испратат свои предлози, препораки и коментари на текстот на документот.

 

Документот Стандарди за квалитет на податоци во системите на државните институции можете да го преземете од порталот е-демократија. Вашите предлози можете да ги испратите јавно со регистрација на корисник на порталот е-демократија или на адреса за електронска пошта e-uslugi@mioa.gov.mk, најдоцна до 2-ри октомври (понеделник) 2017 година.

 

Министерство за информатичко општество и администрација