Министерот Манчевски дел од „МАСИТ ИКТ денови“

Скопје, 27 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ќе биде дел од вториот ден на „МАСИТ ИКТ денови“, на конференцијата за иновативни ИКТ решенија и трендови.

Настанот ќе се одржи денеска, во 11: 00 во хотел Александар Палас, Скопје.

 

Министерот Манчевски, ќе учествува во панел-дискусијата на тема: Како компаниите, образованието и државата да соработуваат со цел да ја поддржат иновативноста во македонските ИКТ компании?

 

Kонференцијата е организирана од МАСИТ како главен организатор во партнерство со Твининг проектот финансиран од Европската Унија „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“. Конференцијата воедно е поддржана од страна на Министерството за економија преку проект од Програмата за поддршка и развој на кластерско здружување.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација