Прес конференција за проектот „Регистар на население“

Скопје, 27 септември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска одржа прес конференција на која се осврна на спроведувањето на проектот „Регистар на население“.

 

Со оглед на дилемите кои се јавија во јавноста, сакам јасно и недвосмислено да кажам дека Централниот електронски реигистар на население не е замена за попис.

 

Електронскиот регистар на население ќе помогне во решавањето на многу админстративни потреби на граѓаните. Секој граѓанин ќе добие сопствен електронски идентитет, со кој ќе може да се идентификува и добива електронски услуги од страна на институциите. Регистарот е една од основите на дигитална Македонија.

 

 

Овој регистар ќе помогне во решавање на многу проблеми со кои граѓаните се соочуваат. Трајно ќе се решат проблемите со избирачкиот список, ќе помогне во решавањето на проблемот со електронските здравствени картички, ќе овозможи дополнителен начин за поврат на ДДВ на граѓаните, граѓаните на многу побрз, поефикасен и поефтин начин ќе можат да вадат документи и добиваат услуги и многу други поволности. Да, ќе биде само уште една алатка која ќе помогне во спроведувањето на пописот, но нема да го замени. Во зависност од квалитетот на податоците и во другите бази на податоци, ќе треба да помине уште време за да ваков вид на регистар може целосно да замени попис.

 

Овој проект во еден дел се реализира средства на ЕУ. Тоа е уште еден начин како ЕУ најдиректно помага да се подобри животот на граѓаните во Македонија.

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација