Министерот Манчевски дел од настанот "Јавните услуги: Иднината “

Скопје, 02 октомври 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, беше дел од TEDxSeptemvriskaSesijaSalon за оваа година. 17-тиот настан беше на тема "Јавните услуги: Иднината “.

 

„Министерството за информатичко општество и администрација работи на трансформација на односот меѓу граѓаните и државата, пренесувајќи повеќе моќ во нивните раце и одговарајќи, односно приспособувајќи се на нивните потреби. Технологијата, алатките и техниката, како и пристапот до Интернетот, ни даваат големи можности повеќе отколку порано. Лично јас сакам да видам почеток на револуција во испорачувањето на јавните услуги. Знам дека ги правиме првите чекори, но како и за децата, тие по некое непишано правило се најтешки. Како што на децата им значи поддршката, така и на нас, потребна ни е поддршка и навистина многу ни значи“, истакна министерот.

 

Министерот и присутните на дискусијата разговараа за начините на кој се дизајнираат моменталните јавни услуги, за предизвиците со кои се соочуваат бизнисите, граѓаните како и самите институции во процесот на дизајнирање или редизајнирање на јавни услуги меѓутоа и се споделија и огромен број на примери од Македонија и странство релевантни на темата.

 

Заклучокот е дека има огромен потенцијал да се работи на ова поле, особено откако ќе се објави новиот Е-каталог на јавни услуги, на што во моментов работи министерството, со што ќе јасна слика за услугите што ги нудат институциите.

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација