Манчевски: МИОА ќе ги поддржува иновативните проекти на младите луѓе

Скопје, 11 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, беше дел од вториот јавен настан „Инвеститициски ден“, во организација на Сеавус Инкубатор. На настанот беа презентирани бизнис идеи од страна на стартап тимови кои поминаа низ пред-акцелераторската програма на инкубаторот.

 

Министерот Манчевски, ја поздрави идејата на Сеавус, преку оваа програма да ги поттикнува младите луѓе да размислуваат надвор од границите и да работат на нови проекти и да развиваат нови идеи.

 

Министерот ја претстави и заложбата на Министерството за информатичко општество и администрација и на Владата, за поддршка и помагање на младите иновативни луѓе во државата.

 

„Престојниот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи на пролет следната година во Македонија претставува голема можност за претставување на овие стартапи кои денеска ќе ги видиме, но и за многу други, пред релевантни глобални компании и бизниси кои ќе бидат дел од Самитот“, посочи Манчевски.

 

Министерот ги повика и присутните домашни инвеститори да вложуваат во иновативни решенија и ги мотивираше младите се повеќе да се посвета и да работат во сферата на информатичкото општество, затоа што тоа е полето кое секојдневно ги поместува границите на делување.

 

Пред-акцелаторската програма на Сеавус Инкубаторот има за цел да пренесе знаење на претприемачите во изработка на прототип, рано лансирање на производ и финансирање на својот бизнис.

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација