Конференција за управување со квалитетот во јавниот сектор

Скопје, 16 декември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, организира конференција на тема: „Управување со квалитетот во јавниот сектор“.

Конференцијата ќе се одржи на 18.12.2017(понеделник), во хотел Мериот- Скопје, со почеток од 09:30 часот.

 

На конференцијата ќе се обрати заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и Џефри Голдст, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

На настанот ќе бидат претставени алатки за квалитет на јавната администрација во Европската Унија. Исто така, ќе бидат презентирани наодите од истражувањата за мапирање на состојбите и предизвиците во имплементацијата на CAF моделот (Заедничка рамка за проценки) и нацрт-националната рамка за управување со квалитет 2018-2020.

 

Предвидена е и панел дискусија за искуствата во имплементација на CAF моделот, каде сите присутни ќе имаат можност со свои препораки и предлози да се вклучат во подобрување на имплементацијата.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација