Министерот Манчевски оствари средба со заменик-директорот на канцеларијата на САД, Сузан Фалатко

Скопје, 14 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, оствари работна средба со заменик-директорот на канцеларијата на САД за прашања од југо-централна Европа, Сузан К. Фалатко.

 

На состанокот, министерот Манчевски ја информираше заменик-директорката Фалатко ја активностите на кои МИОА работи во трите портфолија во надлежност на министерството.

 

„Јавната администрација во минатиот период беше критикувана за партизираност и непрофесионалност, и сега јавноста има големи очекувања за големи промени. Активностите кои ги превземаме во тој дел се во транспарентен процес, што значи потребно е подолго време да се донесат, но се во редовна комуникација со граѓаните и поради тоа и со поголем квалитет “, потенцираше министерот Манчевски, осврнувајќи се на Стратегијата за реформа во јавната администрација, како прв документ од овој тип со конкретен акциски план, индикатори и буџет.

 

Фалатко, ги поздрави заложбите на МИОА, за реформи во јавната администрација, и заложбите на Владата во останатите сектори, каде како што посочи таа може да се забележи напредок.

 

Министерот Манчевски се осврна на дигиталната агенда на министерството, и активностите во делот на воспоставување на регистар на население, креирање на електронски идентитет на граѓаните и електронски потпис.

 

На состанокот претставниците од канцеларијата на САД за прашања од југо-централна Европа покажаа интерес и поддршка за активностите на МИОА за подготовка на стратегија за сајбер безбедност.

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација