Работилница за „Насоки за добро управување на избрани и именувани лица во извршната власт“

Скопје, 23 февруари 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Меѓународниот републикански институт(ИРИ) организираше работилница за „Насоки за добро управување на избрани и именувани лица во извршната власт“.

 

Насоките за добро управување на избрани и именувани лица во извршната власт, кои се дел од планот 3-6-9, заедно со „Реформа на јавната администрација и добро управување“ имаат за цел да се упатат министрите, замениците на министрите и другите носители на јавни функции именувани од Владата на Република Македонија на начинот на управување и однесување во раководењето на институциите, со цел да се зајакне доброто управување, професионалниот интегритет, ефикасноста, одговорното и транспарентно работење на извршната власт и следствено да се зајакне довербата на граѓаните во работата на институциите.

 

На работилницата беше презентиран нацрт документот „Насоки за добро управување на избрани и именувани лица во извршната власт“, при што преку работа во групи беа давани сугестии и препораки од граѓанскиот сектор, академската и експертската заедница за унапредување на текстот на Насоките.

 

Насоките за добро управување ќе се однесуваат на однесување и работење на избрани и именувани лица од централната власт. Крајната цел е да се издигне на повисоко ниво отчетноста на избраните и именуваните лица кон институциите со кои раководат, но и кон граѓаните. Со усвојување на Насоките ќе се зајакнат капацитетите за добро управување на членовите на Владата и на носителите на јавни функции на извршната власт.

 

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација