Упатство за објавување и спроведување на интерен оглас

Скопје, 7 март 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација објавува Упатство за објавување и спроведување на интерен оглас.

 

Согласно Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас интерниот оглас ги содржи следниве податоци:

 

  • Назив на институција,
  • Основ за објавување на огласот,
  • Број на огласот,
  • За секое различно огласено работно место: шифра и назив на работното место и број на извршители,
  • За секое различно огласено работно место: посебни услови за работното место пропишани со закон и со актот за систематизација на работните места,
  • За секое различно огласено работно место: распоред на работното време, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време и паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво,
  • Информации за начинот и рокот за доставување на пријавата за унапредување,
  • Напомена дека кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.
  •  

    Целосното Упатство е достапно на следниот линк

     

    Министерство за информатичко општество и администрација