Манчевски: Наша цел е доближување на услугите до граѓаните и целосна дигитализација на процесите и услугите

Скопје, 16 март 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на настанот „Самит на малите земји- нови трендови во бизнисот“, ја отвори панел сесијата насловена: „Што ќе донесе дигиталната трансформација во секојдневието на бизнисот“.

 

Министерот Манчевски се осврна на дигиталната трансформација, на којашто во моментов работи МИОА, со поддршка од бизнис заедницата, регионот и Европската Комисија.

 

„Дигитализацијата и реформите во ИКТ сферата во Западен Балкан во моментот е еден од приоритетите на Европската Комисија. Со воспоставување на единствен дигитален пазар од сите WB6 земји се очекува да придонесе во развој на дигиталнотот општество, но и економски раст во регионот, зголемување на иновациите, системски реформи во администрацијата и институциите. Тоа ќе придонесе и до зголемување и подобрување на квалитет на животот на граѓаните во сите сфери“, истакна Манчевски.

 

Зборувајќи за заложбите на МИОА и Владата на РМ, министерот Манчевски претстави дел од проектите кои се однесуваат на целосна дигитализација на Македонија, и доближување на услугите до граѓаните, а не на граѓаните до услугите.

 

„Свесни сме дека ние како Влада и вие како бизнис сектор мораме да се фокусираме на граѓаните. Со цел да ја постигнеме целосна дигиталната трансформација ние во моментов работиме на повеќе проекти од оваа област како што се: е-услуги за граѓаните, креирање на национален портал, портал за отворени податоци, отворање на технолошки парк, стратегија за широкопојасен интернет...“, информираше министерот Манчевски.

 

Како што заклучи министерот Манчевски, во креирање на тековни активности, но и идни планови на МИОА, активно се вклучени ИКТ компаниите. За целосна дигитална трансформација, и доближување на Македонија до Европската Унија, потребни се не само јаки институции, туку и јак приватен сектор, силни компании кои заедно со нас ќе работат на ова поле. На овој начин градиме максимално отворено и транспарентно партнерство.

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација