Покана за конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020

Скопје, 26 април 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020".

 

Конференцијата ќе се одржи на 08-09ти мај 2018 година во Клуб на органите на државната управа(СОЗР).

 

Целта на конференцијата е да ја промовира иницијативата ОВП меѓу граѓанските организации и подетално да ги информира за остварениот прогрес. Да создаде простор за дискусија за искуствата и предизвиците во спроведувањето на третиот акциски план и да им овозможи на граѓанските организации да дадат насоки и препораки за дизајнирањето на следниот акциски план за периодот 2018-2020. На конференцијата ќе биде презентирано искуството за спроведување на ОВП во Соединетите Американски Држави како земја-иницијатор на оваа глобална иницијатива.

 

Конференцијата е со поддршка на проектот „Национален ресурсен центар за граѓански организации” финансиран од Европската Унијa, кој што го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка.

 

Заинтересираните учесници треба да бидат претставници на граѓански организации кои работат во областите кои се релевантни за ОВП. За учество на конференцијата потребно е да го потврдите своето присуство со испраќање на пополнета пријава за учество на info@rcgo.mk најдоцна до 4ти мај 2018 година.

 

Покана

 

Дневен ред

 

Пријава за учество

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација