“МАКЕДОНИЈА–ЗЕМЈА НА ИНФОРМАТИЧАРИ”

Република Македонија

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПОЧИТУВАНИ ГРЃАНИ,

Како дел од кампањата “МАКЕДОНИЈА–ЗЕМЈА НА ИНФОРМАТИЧАРИ”, Владата на Република Македонија за сите заинтересирани граѓани обезбедува бесплатна обука за користење на компјутери.

Бесплатната обука ќе го опфати пакетот за канцелариско работење и работа со интернет програми, а ќе се спроведува на македонски и на албански јазик.

Граѓаните кои успешно ќе го завршат курсот за користење компјутери ќе добијат диплома за завршен курс.
За таа цел, Владата ги повикува сите заинтересирани граѓани да поднесат пријава за посетување на бесплатна обука за компјутери, со наведување на следните податоци:


- име и презиме;


- единствен матичен број;


- адреса на живеење;


- телефон за контакт.


Заинтересираните граѓани пријавата може да ја испратат на следната адреса: Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, бул. “Илинденска” бб, Скопје, со назнака: “БЕСПЛАТНА ОБУКА” или на е-маил: besplatnaobuka@gs.gov.mk, најдоцна до 31.03.2008 година, а може да се пријават и усно, на тел. број 0800 22222 секој работен ден до 16:30 часот.

Сите граѓани кои ќе пројават интерес ќе бидат вклучени во бесплатната обука, а дополнително ќе бидат известени за времето, местото и начинот на спроведувањето на обуката.