Министерот Иво Ивановски во посета на училиштата "Боро Петрушевски" и "Орце Николов"

Скопје, 17 март 2008

На ден 17.03.2008 Министерот без ресор за развој на информатичко општество, м-р Иво Ивановски со Генералниот директор на Македонски Телекомуникации г-дин Николај Бекерс ги посетија средните училишта Боро Петрушевски и Орце Николов во Скопје. Целта на посетата беше запознавање со текот на реализација на инсталацијата на мрежите во средните училишта.
Како дел од реализацијата на проектот Компјутер за секое дете е инсталацијата на нови компјутерски и електрични мрежи во средните училишта. Реализацијата на овој дел е донација за училиштата на Македонски Телекомуникации, кои засилено работат на завршување на мрежите во сите училишта. Според предвидената динамика на МакТел, во сите училиштата мрежите комплетно ќе бидат поставени до крајот на јуни.