Министерот Иво Ивановски во почесна придружба на претседателот на Владата на Република Естонија Андрус Ансип

Скопје, 25 Март 2008

На 25-26.03.2008 во работна посета на Република Македонија беше естонска делегација предводена од претседателот на Владата на Република Естонија, господинот Андрус Ансип.
Во почесната придружба на премиерот на Република Естонија Ансип беше министерот м-р Иво Ивановски.

Делегацијата оствари средби со премиерот на Република Македонија, господинот Никола Груевски, со министерот за надворешни работи г-динот Антонио Милошевски, со претседателот на Република Македонија г-дин Бранко Црвенковски и со претседателот на Собранието на Република Македонија, г-динот Љубиша Георгиевски.
Естонскиот премиер Ансип истакна дека ставот на неговата земја е дека трите земји од Јадранската група - Македонија, Албанија и Хрватска треба да станат дел од НАТО бидејќи ги исполнуваат критериумите. Тој очекува сите отворени прашања да бидат решени во деновите до Самитот на НАТО во Букурешт.

- Позицијата на Естонија е јасна. Ние сме за тоа Македонија, Хрватска и Албанија да и се приклучат на Алијансата на престојниот Самит во Букурешт,  подвлече Ансип.