Арсовска Томовска во статија на престижниот светски портал за технологија „Networkworld“

Масачусетс, 25 септември 2016 година

Престижниот портал за технологија ,,Networkworld,, во најновата статија за неодамнешниот Светски форум за ИКТ во Холандија, го издвојува учеството на Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, како еден од клучните говорници на форумот.

Арсовска Томовска на Светскиот форум „Давос на ИКТ“ во Холандија, посветен на дигиталната трансформација

Ајндховен, 20 септември 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на најпрестижниот светски форум за ИКТ во Холандија, познат како „Давос на информациско-комуникациските технологии“. Станува збор за „Глобалниот форум 2016“ што се одржа на тема: „Дигитализација: Глобална трансформација-нови практики, на кој се дискутираше за влијанието на дигитализацијата врз развојот на општеството, визии за иднината, нови современи практики, како и примената на дигитализацијата во различните сфери на живеењето.

Арсовска Томовска на Министерска средба за Дигитална Tрансформација на Западен Балкан

Блед, 5 септември 2016 година

Во рамки на 11-от Стратешки форум во Блед, Република Словенија, денеска се одржа Средба на министрите од Западен Балкан на тема "Креирање околина за Дигитална Трансформација - Улогата на државата".

 

Министерот Марта Арсовска Томовска имаше свое обраќање на средбата на кое укажа дека за Дигитална Трансформација не е доволна само технологија, туку и стратешка определба на држава и посветено лидерство.

Отворен бесплатен интернет клуб во Кривогаштани, во рамки на проектот „Светот на дланка“

Кривогаштани, 2 септември 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски денеска го отворија новиот бесплатен интернет клуб, во рамки на проектот на МИОА, „Светот на дланка“. Станува збор за 31- от по ред бесплатен интернет клуб кој се отвора на територијата на Република Македонија.

Нов бронзен медал за Македонија на Меѓународната олимпијада по информатика

Казањ, Русија, 17 август 2016 година

Младите македонски информатичари постигнаа нов голем успех, освојувајќи бронзен медал на 28-мата по ред Меѓународна олимпијада по информатика, која од 12-ти до 19-ти Август се одржува во Казањ, Русија.

 

Арсовска - Томовска на средба со холандскиот амбасадор Вилем Воутер Пломп

Скопје, 04 август 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, г-дин Вилем Воутер Пломп.

Во Велес е отворен 30-от бесплатен интернет клуб

Велес, 25 јули 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, денеска отворија нов интернет клуб во рамките на проектот на МИОА „Светот на дланка", кој има за цел приближување на интернет технологиите до граѓаните и развој на информатичкото општество во Република Македонија.

Арсовска Томовска учествуваше на јавна собраниска расправа

Скопје, 19 јули 2016 година

Денеска на 68-та Седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија се одржа јавна собраниска расправа на тема „Предлог - закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции“.

Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции и пред регионалните и локални телевизии и радија

Скопје, 07 јули 2016 година

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со одржувањето брифинзи за предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.

Продолжуваат брифинзите во МИОА, за законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции

Скопје, 06 јули 2016 година

Стручен тим од Министерството за информатичко општество и администрација предводен од Министерката Марта Арсовска Томовска и денеска продолжи со брифинзите за новиот предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.

Заменик министерот Муцунски на работен состанок во Охрид за новиот ЗОУП

Охрид, 29 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски одржa работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид. Состанокот беше посветен на новиот Закон за општата управна постапка со кој се поедноставуваат постапките за вадење на документи од државните институции.

Арсовска Томовска на конференција за реформа на јавната администрација во Виена

Виена 24 јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на конференцијата „Управување во јавниот сектор како основа за Европска интеграција“, што на 23. и 24. јуни се одржа во Виена, Република Австрија.

 

Арсовска Томовска го претстави искуството на Република Македонија во однос на реформите во јавната администрација за професионално, ефикасно и транспарентно испорачување подобри услуги за граѓаните.

Арсовска Томовска прими благодарница од Британскиот совет во Македонија

Скопје, 23 јуни 2016 година

По повод 20-годишнината од работата на Британскиот совет во Македонија, синоќа на свечена церемонија и беше врачена благодарница на Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Информација за резултатите на работната група за имплементирање на Акцискиот план за ОВП 2014-2016 со финален извештај

Скопје, 21 јуни 2016 година

Република Македонија е членка на глобалната иницијатива за Отворено владино партнерство. Владата го усвои вториот Aкциски план на 20.05.2014 година. Нацрт-Финалниот извештај за самооценување дава преглед на напредокот и главните постигнати резултати за секој поединечен приоритет од Акцискиот план 2014-2016 година за кој е започната имплементацијата и тоа во надлежност на повеќе институции.

Арсовска Томовска во САД на престижна програма на Универзитетот Харвард

САД, 17 јуни 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска од 14-16 јуни учествуваше на престижната програма за лидери, во организација на Универзитетот Харвард во САД. Целта на програмата е размена на искуства и најдобри практики за дизајнирање на модерни јавни услуги, обезбедени од страна на централните и локалните власти. Програмата е од затворен тип, на покана и наменета за високи владини претставници и експерти од областите на јавните политики и информациско-комуникациските технологии, кои покажале значително лидерство во своето поле на работа во својата земја или во меѓународни рамки.

Муцунски на „Промовирањето на Microsoft Showcase Classroom“ во Средното медицинско училиште ,,Никола Штејн” во Тетово

Тетово, 16 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски денеска го посети средното медицинско училиште “Никола Штејн” во Тетово, на промовирањето на Microsoft Showcase Classroom - партнерски проект на Владата на Република Македонија, Мајкрософт Македонија и TDK Компјутери.

Syndicate content