Арсовска Томовска на конференција за реформа на јавната администрација во Виена

Виена 24 јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на конференцијата „Управување во јавниот сектор како основа за Европска интеграција“, што на 23. и 24. јуни се одржа во Виена, Република Австрија.

 

Арсовска Томовска го претстави искуството на Република Македонија во однос на реформите во јавната администрација за професионално, ефикасно и транспарентно испорачување подобри услуги за граѓаните.

Арсовска Томовска прими благодарница од Британскиот совет во Македонија

Скопје, 23 јуни 2016 година

По повод 20-годишнината од работата на Британскиот совет во Македонија, синоќа на свечена церемонија и беше врачена благодарница на Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Информација за резултатите на работната група за имплементирање на Акцискиот план за ОВП 2014-2016 со финален извештај

Скопје, 21 јуни 2016 година

Република Македонија е членка на глобалната иницијатива за Отворено владино партнерство. Владата го усвои вториот Aкциски план на 20.05.2014 година. Нацрт-Финалниот извештај за самооценување дава преглед на напредокот и главните постигнати резултати за секој поединечен приоритет од Акцискиот план 2014-2016 година за кој е започната имплементацијата и тоа во надлежност на повеќе институции.

Арсовска Томовска во САД на престижна програма на Универзитетот Харвард

САД, 17 јуни 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска од 14-16 јуни учествуваше на престижната програма за лидери, во организација на Универзитетот Харвард во САД. Целта на програмата е размена на искуства и најдобри практики за дизајнирање на модерни јавни услуги, обезбедени од страна на централните и локалните власти. Програмата е од затворен тип, на покана и наменета за високи владини претставници и експерти од областите на јавните политики и информациско-комуникациските технологии, кои покажале значително лидерство во своето поле на работа во својата земја или во меѓународни рамки.

Муцунски на „Промовирањето на Microsoft Showcase Classroom“ во Средното медицинско училиште ,,Никола Штејн” во Тетово

Тетово, 16 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски денеска го посети средното медицинско училиште “Никола Штејн” во Тетово, на промовирањето на Microsoft Showcase Classroom - партнерски проект на Владата на Република Македонија, Мајкрософт Македонија и TDK Компјутери.

Меморандум за соработка за заеднички развој на ИТ проекти

Скопје, 13 јуни 2016 година

Во Министерството за информатичко општество и администрација денеска беше потпишан Меморандум за соработка за заеднички развој на ИТ проекти, меѓу компаниjата „Нетгруп“ од Естонија и македонските компании „Инфинит солушнс“ и „ИТ Лабс ДОО“, во рамки на програмата на Владата на Република Македонија за привлекување странски инвеститори. На потпишувањето присуствуваа Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, Заменик министерот Тимчо Муцунски, извршниот директор и сопственик на „Нетгруп“, Приит Конго, како и Амбасадорот на Естонија, Неговата Екселенција Даниел Ерик Шаер.

Вработување на стоте најдобри студенти во институции од јавен сектор

Скопје, 10 јуни 2016 година

Владата на Република Македонија, преку Министерството за информатичко општество и администрација, започна со реализацијата на проектот за вработување на стоте најдобри студенти на јавните универзитети во Република Македонија.

 

За таа цел, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски денес одржа прес конференција каде истакна дека со цел да се воспостави континуирано вработување на најдобрите студенти во институциите на јавниот сектор, изготвен е Предлог закон со кој се уредува начинот и постапката во која ќе се вработуваат студентите, чиј текст ќе се најде во владина процедура веќе во текот на следната недела.

Одбележан Светскиот ден на акредитацијата во Македонија

Скопје, 09 јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска се обрати на свеченоста што по повод Светскиот ден на акредитацијата, ја организира Институтот за акредитација на Република Македонија.

 

Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom

Скопје, 09 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски се обрати на прес конференцијата за Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom, во Основното училиште “Петар Здравковски-Пенко“- Скопје, чија реализација ја започнуваат Министерство за образование и наука, Министерство за информатичко општество и администрација, и TDK компјутери.

Арсовска Томовска на Меѓународната конференција „Применети интернет и информатички технологии“ во Битола

Битола, 03. јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на Меѓународната конференција „Применети интернет и информатички технологии, во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)-Битола. Во фокусот на оваа дводневна конференција, е да се олесни спроведувањето на Интернетот и информатичките технологии, во сите области на човековата активност.

Прес конференција за напредокот во изготвувањето на новата Стратегија за РЈА (2016-2021)

Скопје, 1 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска одржа прес конференција на која се осврна на напредокот во изготвувањето на новата Стратегија за реформа на јавната администрација, за периодот 2016-2021 година.

Прв натпревар за 'Microsoft Office Specialist' во Македонија

Скопје, 28 мај 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска го отвори првиот Национален натпревар за 'Microsoft Office Specialist', организиран од Цертиадриа, заедно со компанијата Микрософт Македонија. Натпреварувачите, на возраст меѓу 13 и 22 години имаа можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите Microsoft Word, Excel® и PowerPoint.

Арсовска Томовска на 22-рата меѓународна конференција во Дубаи

Дубаи, 23 мај 2016

Mинистерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска изминатиот викенд присуствуваше на меѓународната конференција “Паметни Влади и Паметни градови” која се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. Целта на конференцијата беше размена на искуства за стратегии и проекти поврзани со современите концепти на електронско работење на јавните институции, односно како користењето на информациско-комуникациските технологии може да ги унапреди услугите кои ги обезбедуваат властите на централно и локално ниво кон граѓаните и бизнис секторот.

Свечено доделување на лиценци за инспектори

Скопје, 19 мај 2016 година

 

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски се обрати на доделувањето на првите лиценци за инспектори во Република Македонија, на свеченоста организирана од Инспекцискиот совет на Република Македонија.

Работен состанок за Интероперабилност

Скопје, 9 мај 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска оствари работен состанок со директорите на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски, на Царинската управа Наташа Радеска-Крстевска и на Управата за јавни приходи Кирил Миновски, како и со В.Д. Директорот на Фондот за ПИОМ, Шаип Зенељи.

Арсовска Томовска на Светскиот самит за информатичко општество 2016

Женева, 4 мај 2016 година

 

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на 3-ти и 4-ти мај учествуваше на Светскиот самит за информатичко општество 2016 во Женева, Швајцарија. На оваа најголема годишна средба на ИКТ заедницата во светот, се дискутираше на теми поврзани со информациско - комуникациските технологии, како и за начините за остварување на целите на Обединетите Нации за одржлив развој.

Syndicate content