Состанок за е-Инфраструктура во југо-источна Европа

Атина, 21 Февруари

На 21 Февруари 2008 година во Атина, Грција се одржа состанок за е-Инфраструктура во Југо-Источна Европа на која за потребите на Министерот М-р Иво Ивановски, присуствуваше Кирил Самарџиоски, соработник во Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за развој на информатичко општество и Проф. д-р Анета Бучковска, член на управниот одбор на МАРНET.

Министерот Иво Ивановски во посета на училиштето Војдан Чернодрински

Скопје, 24 Јануари 2008

Министерот без ресор Иво Ивановски и постојаниот координатор на ОН Марија Луиза Силва Мехијас беа во посетата на училиштето Војдан Чернодрински како дел од проектот Еден лап-топ за секој ученик



Студентски домови ќе добијат бесплатна Интернет конекција

Скопје, 09 Февруари

Владата на последната седница донесе одлука за обезбедување бесплатен интернет пристап во сите студентски домови, за доделување електронски потписи за сите работодавачи во Македонија, и за преземање мерки за привлекување инвестици од областа на електронска трговија
Министерот Иво Ивановски и Францускиот амбасадор Валеро на трибина

Скопје, 21 ноември 2007

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и амбасадорот на Република Франција во Македонија Бернард Валеро денеска во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово пред присутните ученици одржаа предавање во рамките на трибината „Учиме за ЕУ“.
Освен што ги објаснија основните принципи на функционирањето на Унијата, монетарната политка и историјата, двајцата прадавачи посебно внимание им посветија на ученичките прашања. Средношколците прашуваа за можностите за студирање во Европската Унија во овој период.

Работилница за ИКТ стандарди во државната управа

Скопје, 4 јуни 2007

На 4 јуни, 2007 година, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) организираше работилница за ИКТ стандарди во државната управа. Работилницата ја отворија Извршниот директор на ФИООМ, г-н Владимир Милчин, и Министерот без ресор, Иво Ивановски кои ја истакнаа потребата од воведување на стандарди во информатичката технологија со цел да се изгради поефикасна јавна администрација и поврзаност меѓу институциите.

Почитувани граѓани,

 

Министерството за информатичко општество на Република Македонија е во процес на изработка на Стратегија за е-влада. Земајќи во предвид дека при подготовката на овој документ сакаме да ги вклучиме сите засегнати страни, подолу на страницата Ви ја ставаме на располагање работната верзија на Стратегијата за е-влада на која можете да давате Ваши предлози и забелешки.

 

Со почит,

Министерство за информатичко општество

 

Повеќе


Економската конференција во Виена

Скопје, 05 Декември


Министерот без ресор задолжен за развој на информатичко општество, м-р Иво Ивановски од 03-04.12.2007 присуствуваше на Економската конференција во Виена. Министерот без ресор се обрати пред присутните, меѓу кои имаше високи владини претставници од соседните земји и од земјите членки на ЕУ.

Syndicate content