Арсовска Томовска на конференција за реформата на јавната администрација

Скопје, 29 октомври 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска имаше обраќање на панел сесијата ,,Реформа на јавната администрација – Заложби за квалитетно, транспарентно и ефективно демократско владеење во 21 век", што се одржа во рамки на конференцијата „Агенда за проширување – Достигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација“.

Конференција за интероперабилност во дигитална Европа

Скопје, 26 октомври 2015 година

Во рамките на проектот „Поддршка на државната служба и реформите во администрацијата„ денеска се одржа "Конференција за интероперабилност во дигитална Европа", која е во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за економска соработка и развој на Австрија.

Доделени стипендии за најдобрите ИКТ студенти од кинеската компанија Хуавеј

Скопје, 19 октомври 2015 година

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и компанијата Хуавеј од НР Кина, денеска на свечена церемонија во рамките на програмата „Семиња за иднината 2015„ им беа доделени сертификати за стипендии на најдобрите студенти од ИКТ факултетите при државните универзитети во Република Македонија.

Естонска компанија во потрага по бизнис партнери во Македонија

Скопје, 15 октомври 2015 година

Во рамки на активностите на Владата на Република Македонија за отворање нови работни места и привлекување на странски инвестиции во март 2015 година тогашниот министер Иво Ивановски во Министерството за информатичко општество и администрација оствари посета и презентација пред ИТ компаниите во Талин, Естонија.На презентацијата беа покажани можностите за инвестирање во Македонија, како и потенцијалната деловна соработка на ИТ компаниите, како една од можностите за проширување и отворање на пазарите. По остварени средби во Естонија, деновиве Министерството за информатичко општество и администрација беше домакин и организираше работни средби меѓу естонската компанијата 'NetGroup' и претставници на повеќе македонски софтверски компании.

Достапни можности за финансирање на медиумски здруженија, тинк-тенк организации и медиумски синдикати преку програми на ЕУ

Скопје, 15 октомври 2015 година

Почитувани,

Во рамките на воспоставената соработка на Министерството за информатичко општество и администрација со Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, ви ја пренесуваме листата на можности за финансирање на медиумски здруженија, тинк-тенк организации и медиумски синдикати преку програми на ЕУ.

Арсовска Томовска на Европска конференција за јавна администрација во Луксембург

Луксембург, 1 октомври 2015 година

Повеќе од 300 претставници на јавната администрација и академската заедница од европските земји, присуствуваа на Европската конференција за квалитет, која на 1 и 2 октомври се одржа во Луксембург, како земја претседавач со ЕУ. На конференцијата учествуваше и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Доделени наградите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика

Охрид, 18 септември 2015 година

На свечена церемонија во Охрид денеска беа доделени наградите и медалите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика, врвен настан во програмирање кој претходи на Балканската и Интернационалната олимпијада по информатика. Македонија годинава е домаќин на настанот, кој од 14 до 19 септември се одржува во Охрид, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија.

Оглас за позицијата директор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)

Скопје, 24 јули 2015 година

Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) го објави огласот за позицијата директор на организацијата и ги повикува заинтересираните кандидати да аплицираат за функцијата до 11 септември 2015 година.

Ивановски во работна посета на Брисел

Скопје, 22 јули 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, престојуваше во работна посета на Брисел, во рамките на која оствари средба со еврокомесарот за дигитална економија и општество, Гинтер Отингер, како и со директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за добрососедска политика и за преговори за проширување, Жан Ерик Паке.

Воведување на системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите

Скопје, 14 јули 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈСП, Игор Јанушев, денеска го промовираа проектот за воведување систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз и системот за автоматска локација на возила.

Јавна расправа за Предлог – Краткорочната ИKТ Стратегија 2016 – 2017

Скопје, 10 јули 2015 година

Согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2014 – 2018, Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со претставници на јавниот, приватниот и академскиот сектор, изработи Предлог – Краткорочна ИKТ Стратегија 2016 – 2017.

Доделени наградите за најуспешните апликации на Open Data Hackathon натпреварот

Скопје, 30 јуни 2015 година

Јордан Крстевски и Ивана Талеска за апликацијата nowPARK.me, се првонаградени на Open Data Hackathon натпреварот, настан кој траеше од 3 до 22 јуни, и кој им овозможи на повеќе од 50 учесници да направат апликации со користење на отворени податоци од државните институции.

Ивановски на „Конференцијата за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста”

Скопје, 22 јуни 2015 година

Google во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци, во Скопје организираше настан на кој се собраа сите засегнати страни во земјата, претставници од различни сектори, телекомуникациите, банкарството, образование, ИТ компании и други.

Олеснет и поедноставен систем на добивање документи

Скопје, 16 јуни 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Управата за водење на матични книги, Силас Муслиоски, денеска на прес-конференција информираа за напредокот на проектот за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност.

Обука за 220 невработени лица за стекнување со ИТ напредни вештини

Скопје, 13 јуни 2015 година

Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Иво Ивановски и Диме Спасов, како и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, денеска го објавија новиот повик за обука за напредни ИТ вештини за 220 долгорочно невработени лица, кои се активни баратели на работа.

Ивановски : Дополнителни 296 ваучери за таблети за студентите

Скопје, 3 јуни 2015 година

Министерот Ивановски денеска го посети продажниот салон на „СЕТЕК – се од техника„ во ТЦ Соравија, каде информираше за текот на активностите поврзани со проектот за доделување на таблети за студенти.

 

Syndicate content