Ивановски на Самитот за нова економија во Токио и на средби со јапонски компании

Токио, 8 април 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 7 април 2015 година, беше во работна посета на Токио. Тој учествуваше на Самитот за нова економија (NES), кој претставува една од најголемите светски конференции во организација на Јапонската асоцијација за нова економија.

Арсовска Томовска на Саемот за вработување и пракса „Контакт 2015„

Скопје, 6 април 2015 година

Од 6 до 8 април во Скопје се одржува Саем за вработување и пракса „Контакт 2015„ наменет за сите студенти од техничките факултети, кој има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите, како и претставување на искуството и знаењата на студентите.

ЈАВЕН ПОВИК за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма

Скопје, 3 април 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно член 92-г од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 184/13, 13/14, 44/14,101/14 и 132/14), распишува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барање за одобрување на проект за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма, за кои ќе се изврши исплата на надоместок за покривање на трошоците

Нова британска ИТ инвестиција од пет милиони евра

Скопје, 30 март 2015 година

Британската компанија Allocate Software во Скопје отворa нов Центар за развој на апликации, кој ќе го зајакне техничкиот развој на пакетот апликации за пазарот на здравствени услуги.Со планирана инвестиција од пет милиoни евра, компанијата ќе вработи 50 водечки програмери за развој на софтверски апликации во Република Македонија. Компанијата има свои канцеларии во Сиднеј и Стокхолм и таа е водечки давател на услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила.

СООПШТЕНИЕ - Доделување на вредносни бонови–ваучери на студенти

Скопје, 27 март 2015 година

Проект за доделување на вредносни бонови – ваучери на студенти

 

СООПШТЕНИЕ

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на вредносни бонови – ваучери на студенти

Скопје, 27 март 2015 година

Проект за доделување на вредносни бонови – ваучери на студенти

 

ЈАВЕН ПОВИК

Започнува проектот за доделување на таблети за студентите

Скопје, 27 март 2015 година

Министерот Ивановски денеска го претстави проектот за доделување таблети на студенти, како дел од новиот сет економски мерки на Владата на Република Македонија. Според него, ќе бидат доделени 12.000 ваучери за набавка на вакви уреди, што ќе биде од корист како за студентите, така и за развојот на економијата.

Доделени дипломи на државни службеници за познавање на француски јазик

Скопје, 23 март 2015 година

Во рамките на програмата „Францускиот јазик во дипломатијата и јавната администрација“ на Меѓународната организација на Франкофонијата, свечено беа доделени ДЕЛФ/ДАЛФ доживотни дипломи на 73 македонски државни службеници, учесници во Националната програма за 2014 година.

Ивановски во Битола на работни средби со претставници на институции и на ИКТ секторот

Битола, 20 март 2015 година

Новите административни закони денеска беа презентирани пред претставници на институции од јавниот сектор во Битола. Министерот Иво Ивановски заедно со стручен тим од министерството ги претставија најбитните сегменти од спроведувањето на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Ивановски во Штип ги презентираше новите административни закони

Штип, 18 март 2015 година

Во рамките на процесот на спроведување на реформите во јавната администрација, согласно новите административни закони, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска во Штип оствари работен состанок со претставници на институции од јавниот сектор во општината, на кој присуствуваше и градоначалникот Илчо Захариев.

Административните закони претставени пред институции од јавниот сектор во Прилеп

Прилеп, 17 март 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денеска во Прилеп оствари работен состанок со претставници на институции од јавниот сектор во општината, на кој ги претстави најважните области од спроведувањето на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, кои стапија во сила на 13 февруари оваа година.

Работен состанок со ИКТ компании членки на МАСИТ

Скопје, 16 март 2015 година

Во рамките на континуираната соработка со компании од стопанските комори, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, денеска имаа работен состанок со претставници на компаниите членки на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.

Ивановски на бизнис форум во Естонија за привлекување на странски инвестиции

Талин, 13 март 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 11 до 13 март, беше во посета на Естонија, каде учествуваше на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија.

Работен состанок во Велес за новите административни закони

Велес, 11 март 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денеска одржа работен состанок со претставници на институции од јавниот сектор во општина Велес.

Работен состанок со компании од ИКТ Комората при ССК

Скопје, 10 март 2015 година

Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, денеска одржаа состанок со компании од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори, на кој учествуваа и претседателот на комората, Саша Огненовски и извршниот директор на ССК, Митко Алексов.

Потпишан Меморандум за соработка со Microsoft во областа на образованието

Скопје, 9 март 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација и Канцеларијата на Microsoft во Скопје, денеска го потпишаа Меморандумот за соработка во областа на образованието, кој овозможува употреба на новите информатички технологии во образовните процеси во земјата.

Syndicate content