Портал за е-демократија

Воведувањето на веб портал за е-демократија е одговор на потребата од воведување на нов модерен метод на јавна расправа кој ќе овозможи поедноставен и подостапен начин за учество на граѓаните при градењето на јавните политики а сето тоа поддржано со современите информатичко-комуникациски технологии.

Граѓанинот пред се‘

Квалитетот на јавната администрација е клучен фактор за нивото на услуги эа граѓаните и фирмите кој придонесува за развојот на општеството и демократските процеси, како и за интеграција на эемјата во ЕУ.

Граѓански Дневник

Иницијативата “Граѓански дневник“ е одговор на барањето за решавање на проблемите со кои се среќаваат граѓаните во секојдневната, интеракција со организациите или институциите кои обезбедуваат јавни услуги.

Обуки за возрасни лица за користење на социјалните алатки за комуникација, како и основни компјутерски вештини

Спроведувањето на ИТ-курсеви за возрасните лица ќе биде главно насочено кон користење на социјални алатки за комуникација преку е-пошта преку интернет, други електронски услуги од интерес за постарите луѓе, како и основни компјутерски. Ова е како резултат на тоа што интересите на повозрасните лица при користењето на компјутер и интернет се поинакви од интересите на останатите старосни групи на граѓани.

Oбуки во интернет клубовите за основните ИТ - вештини

За повозрасни и други лица, кои немале можност да се стекнат со ИТ-способности и вештини претходно, а особено во текот на нивното формално образование, се предвидува  спроведување на обуки за креирање на основните ИТ-вештини. Обуките ќе опфаќаат основни курсеви за работа со компјутери, интернет, е-пошта, користење на пакетот Microsoft Office итн.

Бесплатни Интернет- клубови

Во рамките на проектот „Светот на дланка“ на територијата на Република Македонија во изминатиов период се отворени  22 бесплатни интернет-клубови, кои служат како центри каде за локалното население е овозможен бесплатен интернет.

Бесплатен Интернет за сите граѓани

Во текот на 2008 година, два месеци, сите граѓани на Македонија имаа можност да користат бесплатен Интернет. Кон крајот на 2008 година ќе следува уште еден период од шест недели. Во периодот од 2009 до 2011 година, Владата на РМ ќе обезбедува бесплатен Интернет за сите граѓани два пати годишно во времетраење од шест недели.

Бесплатни ИТ-курсеви

Во текот на 2007 година беа успешно спроведени бесплатни ИТ-курсеви за 22.500 граѓани низ повеќе општини во земјата. Поради големиот одзив кај граѓаните и придобивките од вакви обуки во 2008 година продолжуваат обуки за сите заинтересирани граѓани на Македонија. Ваквите обуки ќе продолжат и во 2009 и 2010.

Обезбедување користени компјутери за луѓето со посебни потреби

Во соработка со деловната заедница, ќе формираме тело коешто ќе се грижи за потребите на граѓаните на Македонија со посебни потреби и ќе им доделува користени компјутери од јавните институции, како и од приватните институции.

Компјутеризирање за 1 евро дневно

Владата на РМ во соработка со локалните банки и локалните фирми ќе им овозможи на граѓаните да купат нови компјутери со поволни кредити со ниски каматни стапки, со исплаќање на 1 евро дневно.

Е-вклучување

Е-вклучувањето се однесува на активности за овозможување на пристап до е-услугите и дигиталните содржини вклучувајќи луѓе за кои совладувањето на знаењата за новите технологии претставува предизвик заради нивното образование, возраст, ограничени финансиски средства, географски дигитален јаз и слично. Принципот на овозможувањето на еднакви шанси за сите граѓани мора да се почитува.

Изработка на Македонски фонтови

Со цел да се унифицираат употредбените македонски кирилични и латинични фонтови на цела територија на државата, предлагаме Министерството за информатичко општество да објави јавен повик за изработка на фонтови, кои што ќе се користат во државните институции и фонтови кои што ќе им ги поклониме на граѓаните. Со ова, ќе се реши еднаш за секогаш начинот на комуникација помеѓу институциите и ќе се воведи СТАНДАРД во државата.

Лексикон на зборови од ИКТ

Идеата е да се поттикне македонската младина да ги користат македонските зборови и термини, при објаснување на зборови од информатиката. Со цел да го зачуваме и збогатиме нашиот фонд на зборови, Министерството за информатичко општество состави работна група, која што ќе идентификува голем број на зборови што секојдневно се користат англиски термини, да се заменат со македонски.

Користи македонски зборови
Кампања-КОРИСТИ МАКЕДОНСКИ ЗБОРОВИ” – зачувување на македонските зборови што се користат во информационите технологии. Промоција на постоечките и нови зборови од полето на информационите технологии, со цел да се избегни користењето на Англиски термини.
Портал www.uslugi.gov.mk

Порталот www.uslugi.gov.mk претставува резултат на заложбите на Владата на Република Македонија за поефикасна и потранспарентна работа на органите на државната управа, преку овозможување на централна точка за пристап до информации за услугите кон граѓаните и деловните субјекти.

Syndicate content