Најава: Прва средба меѓу министерот Дамјан Манчевски и претставници на Синдикатот на УПОЗ

Скопје , 7 јуни 2017 година година

На 8 јуни 2017 година (четврток) со почеток во 13 часот, во хотел Метропол Охрид, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ќе оствари средба со претставниците на Синдикатот на УПОЗ.

Пред почетокот на средбата, министерот Дамјан Манчевски и претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски ќе дадат изјави за медиумите.

Најава: Арсовска Томовска на Саемот за вработување и пракса „Контакт 2017“

Скопје , 18 април 2017 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 19.април 2017 година (среда), ќе се обрати на отворањето на Саемот за вработување и пракса „Контакт 2017“, во организација на Студентските парламенти на ФИНКИ и на ФЕИТ.

Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на ФИНКИ, со почеток во 12 часот.

Најава: Арсовска Томовска панелист на „Глобалниот самит на жени лидери 2017“

Скопје , 17 февруари 2017 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 18 февруари 2017 година (сабота), ќе се обрати како панелист на вториот ден од „Глобалниот самит на жени лидери 2017“, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а во соработка со Асоцијацијата на бизнис жени во Република Македонија

Настанот ќе се одржи во хотелот „Мериот“, Скопје, со почеток во 11 часот.

НАЈАВА: Прес-конференција на Заменик министерот Муцунски

Скопје , 16 февруари 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 17 февруари 2017 година (петок), ќе одржи прес конференција.

Настанот ќе се одржи просториите на МИОА со почеток во 11.00 часот.

НАЈАВА: Прес-конференција на Заменик Министерот Тимчо Муцунски

Скопје , 06 декември 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска, 6 декември (вторник), ќе одржи прес конференција.

Настанот ќе се одржи просториите на МИОА со почеток во 13.45 часот.

Арсовска Томовска ќе се обрати на регионалната конференција „ИКТ во агробизнисот“

Скопје , 22 ноември 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 23 ноември 2016 година, ќе се обрати на отворањето на регионалната конференција „ИКТ во агробизнисот“, во организација на МАСИТ (Стопанска Комора за информатички и комуникациски технологии).

Настанот ќе се одржи во хотел Александар Палас, со почеток во 9.30 часот.

Најава: Отворање на нов бесплатен интернет клуб во Велес

Велес, 24 јули 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, утре, 25 јули (понеделник) ќе го отворат новиот бесплатен интернет клуб, во рамки на проектот „Светот на дланка“.

Настанот ќе се одржи на ул. „8-ми Септември“ бр. 86 (Зграда на синдикатот) во Велес, со почеток во 10.00 часот.

НАЈАВА: Арсовска Томовска на работен состанок во Велес за новиот ЗОУП

Велес, 30 јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 01 јули (петок), ќе одржи работен состанок со градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Велес , за новиот Закон за општата управна постапка.

Настанот ќе се одржи во просториите на општина Велес , со почеток во 11.00 часот.

НАЈАВА: Јавна консултација со граѓанскиот сектор за новата Стратегија за РЈА

Скопје, 29. јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 30 јуни (четврток), ќе се обрати на јавната консултација со граѓанскиот сектор: „Приоритети за новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2016–2021”, во организација на проектот ИПА 2 механизмот за граѓански организации.

Настанот ќе се одржи во хотелот „Квинс“ (Т.Ц.Зебра), со почеток во 11 часот.

Муцунски на Промовирањето на „Microsoft Showcase Classroom“ во Тетово

Тетово, 15. јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски, (утре) 16 јуни 2016 година, ќе учествува на прес конференција за Промоција на Microsoft Showcase Classroom - партнерски проект на Владата на Република Македонија, Мајкрософт Македонија и TDK Компјутери.

Настанот ќе се одржи во Средното медицинско училиште “Никола Штејн”- Тетово, во 12.30 часот.

Најава: Вработување на стоте најдобри студенти во институции од јавен сектор

Скопје, 09. јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски, утре 10 јуни, петок ќе одржи прес конференција на која ќе го презентира почетокот на реализацијата на проектот за вработување на стоте најдобри студенти на јавните универзитети во Република Македонија.

Настанот ќе се одржи во просториите на МИОА, со почеток во 11 часот.

Најава: Муцунски ќе учествува на „Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom“

Скопје, 08. јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски, (утре) 09. јуни 2016 година, ќе учествува на прес конференција за Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom – партнерски проект на Влада на Република Македонија, Мајкрософт Македонија и TDK Компјутери.

Настанот ќе се одржи во Основно училиште ’’Петар Здравковски-Пенко, Скопје, во 10:00 часот.

Најава: Арсовска Томовска на “Светскиот ден на акредитацијата”

Скопје, 08. јуни 2016 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Mарта Арсовска Томовска, (утре) 09. јуни 2016 година, ќе се обрати на свеченоста по повод “Светскиот ден на акредитацијата”.

Настанот ќе се одржи во хотел Континентал, Кристална сала, со почеток во 10.00 часот.

Најава: Арсовска Томовска на 6-та меѓународна конференција „Применети интернет и информатички технологии“ во Битола

Битола, 02. јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на 03. јуни 2016 година (петок) ќе учествува на 6-та Меѓународна конференција „Применети интернет и информатички технологии“.

Настанот, во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии -Битола, ќе се одржи во Хотелот „Епинал“ во Битола, со почеток во 10 часот.

Најава: Прес конференција за напредокот во изготвувањето на новата Стратегија за РЈА

Скопје, 31 мај 2016

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски на 01. јуни 2016 година ќе одржи прес конференција на која ќе го презентира напредокот во изготвувањето на новата Стратегија за реформа на јавната администрација за периодот 2016-2021 година.

Настанот ќе се одржи во просториите на МИОА, со почеток во 11 часот.

Најава : Свечено доделување на лиценци за инспектори

Скопје, 18 мај 2016

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 19 мај (четврток), ќе се обрати на свеченото доделување на лиценците за инспектори, во организација на Инспекцискиот совет на Република Македонија.

Настанот ќе се одржи во Дом на АРМ со почеток во 12.00 часот.

Syndicate content