Реакција на МИОА

Скопје, 11 март 2016 година

Почитувани,

 

Ако дополнителниот технички назначен заменик-министер Кирацовски подобро го прочита членот 2 од Изборниот законик и ако има било какво познавање на законските прописи и законскиот статус на правните лица, ќе види дека вработените во пионерските домови, работничките универзитети и јавните претпријатија никогаш не биле дел од изборната администрација. Тоа значи дека овие лица ниту некогаш претходно ниту пак сега ќе бидат дел од листата која и е потребна на Државната изборна комисија./p>
Интероперабилност

Меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институциите-Интероперабилност

Владина ИТ-мрежа

Мрежата ќе претставува ’рбетна комуникациска инфраструктура што ги поврзува сите министерства во безбедна и интероперабилна околина. Целта со овој проект е да се направи солидна инфраструктура помеѓу сите владини институции. До крајот на октомври 2008 година ќе се воспостави фибер оптичко поврзување, а средствата што ќе се заштедат, ќе бидат инвестирани во поставување на ВоИП-комуникација, Интранет, ДМС.

Гласовна Комуникација преку Интернет Протокол

Со оглед на брзиот развој на информатичката технологија, се наметнува потреба од обновување односно проширување на капацитетите на постоечката инфраструктура. Најочигледен пример за влијанието на информатичката технологија е воведувањето на секојдневното деловно работење на Internet технологијата, подразбирајќи комуникација по електронска пошта, пребарување на информации, публикување на сопствени информации итн. Ова повлекува и развој на други сегменти поврзани со мрежните инфраструктури, како безбедност на податоците при складирање и пренос и зголемување на брзината за пренос на податоците.

Единствена база на податоци

Поврзување на регистри помеѓу институциите. Започната е подготовка на студија на изводливост за креирање единствена база на податоци која што ќе ги опфати сите државни институции, кои што поседуваат информации за граѓаните на РМ. Откако ќе се направи оваа студија, ќе биде објавен отворен повик, за консултант кој што ќе изработи софтвер за поврзување на сите регистри.

Национално тело за издавање сертификати (National Certification Authority)

Започната е изработка на анализа за изградба на податочен центар во Владата на РМ кој ќе може да се употреби за имплементација на Национално тело за издавање сертификати. Со тоа би се овозможила реализација на неопходната PKI (public key infrastructure) инфраструктура за имплементација на напредни владини електронски услуги.

Универзитетска ИТ-мрежа

Проект за поврзување на Македонската академска и истражувачка мрежа МАРНет со регионалната SEEREN и понатаму со GEANT преку 1Gbps широкопојасен Интернет на земјите во регионот. Покрај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, планираме на оваа мрежа во иднина да бидат поврзани и останатите државни универзитети, сите основни и средни училишта, а на приватните ќе им се дозволи да ја изнајмуваат линијата.

Интегрирано гранично управување

Со имплементација на овој проект ќе биде извршено поврзување на сите гранични премини во централизиран информациски систем компатибилен со системите на ЕУ. Тоа ќе се овозможи преку воведување едношалтерски систем за увоз и извоз и контрола при единствено застанување (one stop shop) во Македонија.

Брза broadband инфраструктура

До 2011 инфраструктурната мрежа broadband ќе стане исто толку важна, како постојната патна инфраструктура. Во соработка со телекомуникациската индустрија и деловната заедница ќе ја поддржиме изградбата на high-speed broadband, која ќе им служи на сите граѓани на Македонија. Ваквите мрежи треба да поседуваат доволен капацитет да ја дуплираат својата брзина на секои 12 до 18 месеци.

WI-FI- покривање на РМ

Основниот приоритет на проектот “WI-FI- покривање на РМ” е дополнително да го мотивира и поддржи развојот на ИКТ секторот во Република Македонија. Целта на проектот е да ги подготви македонските граѓани за модерниот ИТ економски пазар, помагајќи им да бидат  подготвени за компетитивната глобална економија.

Интернационална поврзаност

Поврзаноста на телекомуникациските мрежи во Република Македонија со телекомуникациските мрежи од соседните држави ќе претставува клучен фактор за и привлекување на странски директни инвестиции и зголемување на конкуренцијата во телекомуникацискиот сектор. Ќе продолжиме со доградба на оптички мрежи, кои ќе се изнајмуваат за потребите на пазарот.

Syndicate content