Молчењето е одобрување

Во рамките на реформата на Јавната администрација, како современ, ефикасен, ефективен и брз сервис на граѓаните се пристапи кон измена на сите основни закони кои се во функцијата на остварување на правата на граѓаните и деловниот сектор меѓу кои и на Законот за општата управна постапка.

Проценка на влијанието на регулативата – РИА и ЕНЕР

Име на проектот: Отстранување на административниот товар преку зголемено учество на граѓаните и фирмите во процесот на предлагање на нови законски акти- Проценка на влијанието на регулативата – РИА и ЕНЕР

ISO

Министерството за информатичко општество и администрација е во процес на воведување на ИСО 9001 стандардот, со цел зголемување на задоволството корисниците на нашите услуги како и на нашите вработени.

Едношалтерски услуги

Воведувањето на едношалтерски услуги кон граѓаните е утврдено со законски рамки. За да се овозможи ефикасно и ефективно применување на одредбите од законот од страна на сите институции, Министерството за информатичко општество и администрација започнаа пилот активности кои ги вклучуваат институциите: Министерство за внатрешни работи, Агенција за катастар на недвижности, Министерство за финансии – Управа за јавни приходи, Министерство за финансии – Царинска управа, Министерство за здравство – Фонд за здравствено осигурување, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Централен регистар на Република Македонија.

Развој на ИКТ во локалната самоуправа

Локалните самоуправи во рок од 1,5 година ќе усвојат локални ИКТ - стратегии. Локалните самоуправи во соработка со Владата треба да обезбедат одржлив, контролиран и безбеден начин за поврзување на основните и средните училишта на Интернет, како и пристап до е-услугите од областа на образованието.

Формирање на Национален Совет за информатичко општество

Со цел ефикасно и ефективно имплементирање на мерките зацртани во Националната стратегија за развој на електронските комуникации со информатички технологии (НСЕКИТ), Владата формира ново тело – Национален Совет за развој на информатичко општество, во кое учествуваат претставници од јавниот, приватниот, од невладиниот сектор, како и претставници од универзитетите.

Менаџирање на односите со граѓаните

Менаџирање на односи со потрошувачите (Customer relationship management) во јавниот сектор или Менаџирање на односи со граѓаните (Citizen relationship management) e програма која треба да обезбеди нова визија на јавниот сектор со која услугите на граѓаните ќе им се доставуваат на ефективен и ефикасен начин и истите ке бидат целосно приспособени на нивните потреби.

Бизнис процес менаџмент систем

Во тек е имплементација на надградбата на системот за електронско водење на седницата на Влада, со можност за размена на мислења помеѓу институциите по електронски пат. Системот ќе овозможи автоматизирање на процесот за креирање на наративниот текст на документи уште во почетна фаза на подготовка на материјали за владините седници. Со овие процеси ќе се постигне потполна автоматизација во процесот одржување на седница на Влада и ќе се минимизира можноста за злоупотреба и измена на материјалите што доаѓаат на седница.

Систем за управување со документи во сите министерства

Главната цел на проектот е воспоставување на интегриран е-Владин систем за управување со документи и негово позиционирање како е-владин р’бет кој треба да ги вклучи сите релевантни институции и треба да и овозможи на Владата да ги автоматизира работните процеси и да овозможи следење на текот на документација во процесот на нејзино донесување и одобрување. Имплементацијата на проектот е започната.

Е-судство

Инсталирани се 150 компјутери во 33 судови, кои се користат во рамки на Интегрираниот судски информативен систем (ИСИС). Преку системот, предметите електронски се распределуваат на судиите и се избегнува субјективноста на човечкиот фактор при нивно доделување. Инсталирани се дисплеи во сите судови, каде што во секој момент може да се следи распоредот на судења и рочишта.

Електронско побарување и плаќање на услугите кои ги даваат владините институции

Овој проект опфаќа надградба на порталот www.uslugi.gov.mk и овозможување електронско плаќање (преку мобилен, контакт центри, веб портал) на услугите што ги даваат владините институции, со што ќе ја елиминираме потребата од посета на банките и поштите за да се изврши плаќање, како и потребата од купување таксени марки. Порталот www.uslugi.gov.mk е електронски сервис на Владата, со кој таа овозможува пристап до услугите што ги даваат министертвата и другите институции по електронски пат.

Syndicate content