Отворени е-услуги

Моментално состојбата во државните органи и институциите укажува на фактот дека само одреден број на електронски услуги се нудат спрема граѓаните и деловната заедница. Електронските услуги значително временски и економски го олеснуваат начинот на добивање на услугата за корисниците и истите се имаат покажано како ефикасен и ефективен начин на добивање на услуга.

Електронската трговија

Активности за поттикнување и олеснување на електронската трговија- да се стимулира електронската трговија како алатка за развојот на економијата во Македонија.

Предлог е да се донесат генерални директори на светско реномирани компание, кои успехот го постигнале преку е-трговија.

Договор за ниво на испорачана услуга

Пропишани се мерки за воведување на Договор за ниво на испорачана услуга (SLA  - Service Level Agreement) за ИКТ услуги. Истите ќе бидат задолжителни при јавните набавки спроведувани од државните институции и препорака за набавките спроведувани од физички и правни лица.

Администрирање на .mk

Администрирањето на .mk ќе биде анализирано од страна на Националниот совет за информатичко општество  и ќе бидат припремени препораки базирани на европските искуства.

Дигитални сертификати

Со овој проект се предвидува промоција на бенефитите од користење дигитални сертификати од страна на акредитиран издавач на сертификати за сите работодавачи, кои имаат правна обврска да пријават и да платат данок, со цел да им се овозможи електронски да поднесуваат документи до државните институции и да се минимизира нивното одење до шалтерите.

Земјоделскиот информативен систем

ЗИС е еден од проектите во кој ќе бидат вклучени Националниот систем за идентификација на животни и Регистар на лозови насади. Исто така, за потребите на Платежната агенција IPARD ќе се воспостави ИТ -сектор и ИТ -системи за поддршка на целиот процес на работење на агенцијата.

Е-катастар

Во тек е реализацијата на проектот Е-катастар, чуја примарна цел е да се воспостави нов начин на работа во подружниците на ДЗГР кај примањата и процесирањето на барањата за промени во катастарот на недвижности и катастарот на земјиште но и целиот процес да се информатизира (со workflow систем кој има вграден систем за безбедност), како и можноста странката да има поглед во процесот на решавање на своето барање.

Регулаторна гилотина

Проектот за Регулаторна гилотина, е еден од најважните проекти за подобрување на бизнис-климата. Информатичката технологија има важна улога за успешно спроведување на регулаторните реформи.

Syndicate content