Стратегија за развој на Е-содржини

Стратегијата за развој на е-содржини 2010 – 2015 е изработена од страна на Министерството за информатичко општество во соработка со експертска работна група во која учествуваа претставници од Министерството за образовани и наука, Бирото за развој на образованието, реномирани професори од универзитетите од областа на ИКТ, автори на учебни материјали, експерти од областа на ИКТ во образованието, како и претставници на бизнис секторот.

Портал Е-учебници

Од учебната 2009/2010 година, започна иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација за конвертирање на учебниците одобрени од Министерството за образование и наука во формата на е-книга и нивно поставување на порталот за електронски учебници www.e-ucebnici.mk.

Е-содржини

Министерството за информатичко општество во соработка со компанијата Интел, во 2009 година, обезбеди 513 образовни содржини кои ќе се користат по предметите математика, физика, хемија и биологија во основното и средното образование.

Емисии за ЕДУБУНТУ

Во рамките на завршените активности од проектот „Компјутер за секое дете“ е поставувањето на компјутерите во сите средни училишта, вклучувајќи инсталација на 43 образовни алатки преведени на македонски и албански јазик на сите компјутери. Покрај самиот оперативен систем Едубунту, софтверскиот пакет се состои од пакетот за канцелариско работење Open Office, и едукативни алатки од предметите математика, хемија, физика, географија, латински јазик и информатика. Изборот на алатките е направен во соработка и советување со државните советници по предметите.

Компјутер за секој ученик

Најголемата инвестиција во образованието во изминатите 17 години  е направена со проектот Компјутер за секој ученик. Со овој проект се обезбедени 17.818 персонални компјутери, 98.710 ЛЦД-монитори, 98.710 тастатури и глувчиња и 80.892 тин-клиенти за основните и средните училишта во Македонија, што ги задоволува потребите во големина од две третини. Овие компјутери ќе се користат како алатки за изведување на наставата и за пристап до образовните дигитални содржини што се наоѓаат на глобалната мрежа Интернет.

Стипендии за талентирани ИТ студенти

125 стипендии во вредност од 5.000 денари/месечно беа доделени во академската 2007-2008 и академската 2008/2009 година на талентирани студенти од студии по информатика на државните и на приватните универзитети во Република Македонија. Намерата е да се стимулираат студентите во постигнување подобри резултати во студирањето. Овој проект на доделување по 125 стипендии годишно за млади информатичари ќе продолжи во наредните 3 години.

Универзитет за информатички технологии

Основната причина за основање на Универзитет за информатички технологии со седиште во Скопје се потребите на Македонија за високообразовни институции кои ќе нудат студиски програми усогласени со модерните текови на информатичките општества. Единствено така, Македонија забрзано ќе фати приклучок кон најновите технологии и ќе направи исчекор во однос на земјите во регионот.

Поставување LAN-мрежи и бесплатен Интернет-пристап во студентските домови

Идејата е целосно поставување на комуникациска инфраструктура до секоја соба во студентските домови и опремување на една просторија со компјутери и бесплатен Интернет-пристап во ученичките домови. Проектот е одобрен и е во почетна фаза. Вмрежувањето и интернет конекцијата ќе бидат донација на Македонски Телекомуникации.

Доделување на вредносни ваучери за купување компјутери

Програмата обезбедува помош при купување лаптоп или десктоп компјутер на студентите запишани во последна студиска година. Оваа програма е дел од проектот „Македонија–земја на информатичари“, со кој Владата се обидува да ги приближи ИТ -технологиите до граѓаните на Македонија преку најразлични програми за зголемување на пристапот до компјутери, зголемување на ИТ -писменоста и Интернет пенетрацијата во Македонија.

50.000 клупи
Со компјутеризацијата на средните и основните училишта, потребно е да се подобри квалитетот на клупите. За таа цел набавени се 50.000 клупи за образовните установи во Македонија
Интернет за сите средни и основни училишта
Како надополнување на проектот за компјутеризација на училиштата по спроведеното Интернет-поврзување во сите училишта во Македонија (соработка со УСАИД), ги реализиравме обврските за обезбедување на Интернет-конекција до сите средни и основни училишта во период од 12 месеци
Syndicate content